Природна перспектива

     Сакајќи да се потсетам на тоа како го започнав моето ЕВС искуство некако се ме враќа едно 3 години наназад кога го почнавме нашиот личен проект „Природна Перспектива“ заедно со мојата вереница Симона Николова. Тогаш уште студенти во Скопје заедно со група од неколку пријатели решивме по смело да се впуштиме во идеите за алтернативен начин на живеење, поразличен од оној во градските средини кој е се повеќе и повеќе во тренд. Сите заедно посетивме неколку села во различни региони на Македонија, посетивме куќи на нашите баби и дедовци или на некој од нашите роднини. Со тогашната група пријатели ја посетивме и куќата од мојот дедо која се наоѓа во село Стар Истевник Делчевско. Овие неколку посети ни дадоа мотивација летото 2017 заедно со Симона да го посветиме на животот на село поблиску до природата. Таму се сретнавме со многу предизвици но на крај се си дојде на свое место кога бевме поканети да учествуваме на една младинска размена по програмата на Ерасмус+ која се спроведуваше во Словенија и Австрија. После таа авантура се вративме пак на село и тој пат после сите импресии бевме малку и демотивирани соочувајќи се со условите кои ги затековме после само 2 недели напуштање на куќата на село. Потоа се случи и новиот пресврт а тоа беше поканата од страна на здружение Зелен од Република Бугарија за учество како инициатива во нивниот проект а кој се спроведува со помош на доброволци по програмата на ЕВС од Ерсмус+ а е фокусиран да помага на млади луѓе кои сакаат да го промовираат одржливиот начин на живот во контакт близу до природата во малите населени места. Ја прифативме поканата и здружение Зелен дојде на помош со 15 млади луѓе, волонтери од цела Европа кои беа спремни да помогнат со се што ќе биде потребно, а ние организиравме 2во дневен настан во нашата куќа во село Стар Истевник каде што направивме работилница за градба со природни материјали и пробавме да ја заштитиме фасадата на куќата која имаше траги од оштетувања од врнежите од дожд, ни помогнаа да рециклираме некој од старите мебели како и да расчистиме некои простори. По што следуваше и награда од здружението а тое беше можност со Симона да има се придружиме како гости на целото патешествие таа година.

Па така се започна наредната година јас со помош на организацијата YMCA од Битола аплицирав за краткорочен проект, да бидам волонтер во здружение Зелен и да учествувам активно во сите активности и посета на сите иницијативи од мрежата. Самата замисла на проектот Зелен Собор на здружение Зелен според мене е многу добра поради тоа што се прави добра комбинација кога млади и мотивирани луѓе од цела Европа се насочуваат да имаат директен допир со млади луѓе од Бугарија со поддршка на искусниот тим на здружение Зелен и заедно да соработуваат, да учат и разменуваат најразлични вештини.

     Тие 2 месеца за мене претставуваа огромно искуство и мотивација повеќе, ние посетивме 23 иницијативи во 2018 година и пруживме помош на сите тие млади и креативни луѓе кои со нас ги споделија своите визии, гледишта на светот и најразличните предизвици со кои се среќаваат секојдневно. Како здружение учествувавме и на фестивалот Беглика на неговото јубилејно 10 издание за таа година и ние како доброволци помогнавме сето тоа да се реализира. Самиот фестивал се залага за промоција на алтернативниот начин на живеење, алтернативна медицина, најразлични техники за благосостојба на умот, телото и духот, музика од најразличен вид итн. Тамо лично поради фактот што сум од Делчево град на границата со Бугарија и го разбирам добро бугарскиот јазик, учествувам повеќе во промоција на активностите на здружението и што се се случува на проектот Зелен Собор. По завршувањето на тие 2 месеци и прекрасното искуство и гостопримство од страна на сите тие луѓе и сите тие инспиративни муабети и размена на искуства некако ми остана желбата да го продолжам тоа патешествие.

     Наредната 2019 година овој пат заедно со Симона, мојата вереница решивме да бидеме доброволци во здружение Зелен и тоа долгорочни волонтери јас за 10 месеци таа 1година. За разлика од претходните години кога проектот Зелен Собир се одржуваше само 2 месеци во летниот период оваа година имавме 2 групи на краткорочни доброволци и летото во период од 4 месеци посетивме 30 иницијативи и учествувавме на неколку фестивали. На почетокот од нашето ново патешествие имавме прилика со останатите доброволците и други пријатели од Македонија да поработиме и на нашиот личен проект во куќата во село Стар Истевник. Во тие неколку денови како домаќини со Симона организиравме низа на различни активности и работилници како: реставрирање и поправање на стар мебел, малтерисување и санирање на ѕидовите со глина, вар и песок, варосување, уредување и почестување на просторот и други. Оваа година исто така за прв пат посетивме уште една инициатива на млади луѓе од Македонија во село Тодоровци, Македонска Каменица каде што помогнавме во расчистување на отпад од брегот на езерото Kалиманци и активности околу пчеларство и градинарство, и сето тоа беше проследено со деноноќна забава и музика од најразлични краеви на Европа.

     Во продолжение од проектот се до фестивалот Разбуди Се, посетивме неколку иницијативи во западна Бугарија. Тамо имавме најразлични активности во зависност од инициатива до инициатива некаде помагавме во реставрирање стари куќи, некаде садевме шумски градини, на друго место помагавме во градинарство, имавме и работилници за пермакултурни дизајни како и теренски активности и испитувања, неколку пати учествувавме во подигнување и спуштање на куполни конструкции јас неколку пати земав учество и во кујната да готвам за целата група.

На фестивалот „Разбуди се“ кој се одржува по 9ти пат во близина на градот Пловдив на Родобските планини во период на 6 денови исполнети со најразлични работилници и настани како: практики за благосостојба на умот, срцето и телото, создавање на купол од гранки и материјали кои може да ги најдеме во природата, работилници за најразлични рачни изработки како: керамика, макраме, изработка на прибор за јадење и други, форуми за живот во заедници и други алтернативни начини на здружувања и многу други. Со здружението се приклучивме 2 неделе пред отпочнување на фестивалот за да го под помогнеме во неговото создавање. Јас на фестивалот „Разбуди Се“ поради фактот што веќе лично се познавав со дел од организаторите и го разбирав и бугарскиот јазик а нашиот координатор имаше други разни обврски, на почетокот бев задолжен да ги координирам доброволците од здружението што значи преземање на задачите од организаторите и распределба помеѓу волонтерите и под помагаме во нивната реализација.

     По започнување на фестивалот поактивно учествувам во промоција на здружението во Зелениот Купол и на неколку пати учествував во кујната од фестивалот каде што готвев ме за повеќе од 100 луѓе. После фестивалот Разбуди Се продолживме со активностите од Зелен Собир и посетивме уште неколку иницијативи, во меѓувреме имавме и тренинг организиран од Националната Агенција за Ерасмус+ на Република Бугарија каде што повторно се собравме со група на волонтери од различни организации од цела Бугарија и во рок од 1 недела имавме можност заедно да ги споделуваме нашите искуства на различни проекти во Бугарија како и да зборуваме за заедничките предизвици како волонтери во оваа држава. И така лека полека дојде време да се збогуваме со нашата прва група на краткорочни волонтери и да се подготвиме за новата група која пристигнуваше за само 5 денови. Со нив заедно патешествието овој пат го почнавме обратно, прво отидовме во планината да создадеме фестивал а потоа да продолжиме да ја истражуваме Бугарија и најразличните креативни места и природни убавини низ неа. Беглика 2019 лично ја искусив од почеток до крај, овој пат кога отидовме горе на Родобските планини немаше ништо кое асоцира на фестивал само неколку семејства кои решиле летниот годишен одмор да го поминат на планина на мир и спокој. Со помош и водство на локалците и организатори на фестивалот создадовме една симулација на мини село каде што од секакви работи кои ги наоѓавме во природата творевме и креиравме, декориравме, поставувавме сцени, поставувавме и поправавме некои стари тоалети, организиравме простор за работилници, косевме, чистевме, готвивме и многу други работи.

Потоа кога започна самиот фестивал земав смени на самиот влез да продаваме билети и да ги пречекуваме гостите на фестивалот. До крајот на летото со втората група на волонтери продолживме да работиме на проектот Зелен Собир и продолживме да ја истражуваме Бугарија и да се запознаваме со најразличните брилијантни иницијативи. Во овој период стасавме и на нај источната точка од нашето патешествие кај селото Езерец општина Балчик близу до Варна па имавме можност да уживаме и некое време на Црното Море. По завршувањето на втората група на краткорочни доброволци останавме подолго време во нашиот центар во Зелената куќа во Момин Проход, каде што се фокусиравме повеќе на имплементација на идеите кои што ги собравме по патешествијата од целото лето и се обидуваме нашата Зелена куќа да ја направиме што е можно повеќе енергетско ефикасно и по самоодржливо место како и да ја припремаме за зимскиот период.

Исто така во земниот период организиравме и настани кои се спроведоа во едно Читалиште во центарот на Софија каде што правевме промоција на проектот Зелен Собир и каде што луѓе од различни иницијативи имаа можност да се претставуваат пред поширока публика во главниот град на Бугарија. Ние како волонтери и една од иницијативите во Зелен Собор имавме можност да го претставиме нашиот личен проект „Природна Перспективна“ и да ги споделиме нашите идеи и гледишта на светот со пошироката публика. Учествувавме и на фестивалот Добро фест каде вршевме промоција на активностите на здружение Зелен со останатите доброволци.

     ЕВС за мене е една од најголемите промени во животот и период кој ќе остане во сеќавање до крајот на мојот живот. Целото искуство кое го стекнав тука по враќање во мојата домашна средина би сакал да го споделам со луѓето околу мене и да можам да ги представам сите тие можности кои го нуди оваа програма за младите луѓе ширум европа. Ваквите проекти даваат надеж на многу луѓе сонувачи за подобро утро да ги постават своите идеи на парче хартија и да добијат подршка од некои донатори и програми. Бугарија за мене ќе остане во сеќавање како земја во која живеат гостопримливи луѓе со прекрасни идеи и желба и домаќини кои што сакаат да споделуваат со другите луѓе. Во иднина се надевам да продолжи целата соработка со здружение Зелен и по заврашување на проектот да продолжиме со посетување на сите тие иницијативи и да продолжиме локално да се под помагаме едни со други и целата мрежа да опстои.

 

Борче Димитровски

На ден 22.01.2020 во Читалиште.то во Софија се одржа презентација на иницијативата Природна Перспектива. На настанот присутните се запознаа со предизвиците со кои се соочивме во минатото, зошто го промовираме волонтерството, кои се нашите следни чекори и како може да не пронајдат и да ни се приклучат во активностите. 

Се започна со еден сон... Поминав неколку години мечтаејќи и прашувајќи се' како би можела да си го направам животот посмислен, поисполнет со задоволства. За време на студирањето мечтаев да имам некое место во природа, опкружено со дрвја, да има градина, чиста вода и воздух, каде ќе создавам здрави навики наместо да бидам заглавена во меланхолијата и хаосот во главниот град. Место, каде луѓе кои имаат различни културни навики, кои зборуваат различен јазик, се со различна боја на кожа и доаѓаат од различни средини, ќе живеат заедно, ќе креираат заедно, ќе споделуваат, разменуваат и растат заедно. Тогаш, сето ова беше само убав сон гледан преку перспективата од некаков прозорец на студентски дом. Кога наеднаш, нештата почнаа да се придвижуваат кон една таква насока.

Со мојот партнер решивме да направиме чекор кон тој сон, безоглед на тоа колку лудо и да им звучеше на другите. Отидовме во едно село каде што тој имаше куќа (во која веднаш се заљубивме) и почнавме да ја возобновуваме. Ваквата наша иницијатива ја нарековме Природна Перспектива. Насловот опфаќа се што би сакале да се случува таму. Потоа направивме експериментална градина која, на наше изненадување, беше многу успешна. Така се мотивиравме да продолжиме, скромно, но мечтаевме наголемо. Имавме и неколку пријатели со кои од време на време, го делевме истиот сон. Сепак, сфативме дека има потези кои треба да се направат и знаење кое треба да се придобие, не само за да си го оствариме сонот, но и за да го одржиме.

Во тоа време, нашата идеја и иницијатива беше препознаена од здружението Надеж-Норе и од нив добивме поддршка за да ја формализираме идејата. Тогаш, започнавме да патуваме и да учествуваме на младински размени и обуки преку програмата Еразмус+. Запознавајќи стотици луѓе секоја година, сфативме дека не сме единствените кои се луди овде.

Во еден момент на ова лудило, се запознавме со „Тhe Greenies“ (читај здружение „Зелен“). Се запознавме со нивниот проект наречен „Зелен Собир“ и веднаш бевме инспирирани и поттикнати да бидеме едни од домаќините за истиот, во куќата на село. После првата посета од „Зелениот Собир“, кога добивме огромна помош од ЕВС волонтерите, па продолживме да бидеме домаќини и наредните две години. Кога еднаш, координаторот на проектот Алеко Карловски, дојде до идеја да не вклучи подлабоко во проектот и во работата на здружението, па предложи да бидеме ЕВС волонтери за една година во здружение „Зелен“, со Надеж-Норе како организација испраќач. На почетокот се колебавме, бидејќи ова значеше да го паузираме проектот Природна Перспектива.

На крај, сфативме дека сме донеле добра одлука, бидејќи научивме многу повеќе посетувајќи ги сите овие станици на Зелениот Собир, учествувавме во најразлични активности и се запознавме со останатите домаќини и волонтери. Работевме во градини, градевме со природни материјали, планиравме настани. Исто така, придонесовме за организирањето на два поголеми фестивала Wake up и Беглика, каде поголемиот дел од времето јас помагав во кујната, каде со некои од останатите волонтери готвевме за двесте учесници и волонтери. Си го окупирав времето и со уметност и работејќи на промоцијата на здружение „Зелен“. На фестивалот Беглика имав и сопствена работилница за изработување накит со макраме техника и го планирав распоредот на така наречената „Зелена сцена“, каде и останатите волонтери се претставија со своите проекти, изработки и дискусии за самоодржливост, екологија, нула отпад и разни други интересни теми. По завршувањето на летните месеци започнав со административна работа за здружението, при што, научив многу за тоа како една организација функционира.

Нема да ги набројувам сите активности во кои бев вклучена, многу се. Времето е бесценето, затоа не сакам да должам. Во овие девет месеци на волонтирање, до сега, имав период на учење, практикување, пробување на нови нешта, подобрување и растење. Станав посамоуверена и посигурна за своите цели. Пронајдов начини како да ги материјализирам своите идеи, како да се справувам со предизвици и како да комуницирам со луѓето. Можам да кажам дека ова ЕВС искуство ми овозможи многу за да пораснам како личност, но и да ги осознаам своите слаби и силни страни. Бидејќи имам афинитет кон јазици, најголем бенефит ми беше што имав можност секојдневно да слушам разни други јазици и да си го подобрам нивото на шпанскиот јазик. Благодарна сум за ова животно искуство, за гостопримството на здружение „Зелен“, за сите предизвици, авантури, задачи, понекогаш истоштувачките патувања и активности... вредеше!

Наближува времето да се разбудам од овој сон. Тоа ќе биде времето за практично применување на се што научив досега. Би сакала да го посветам своето време на подобрување на социјалниот и културниот живот во општеството каде што се враќам. Би сакала да имплементирам и проекти за покревање на свесноста за еколошките проблеми и нула – отпад културата. Друга работа, која сметам дека е важна, е споделувањето на приказната за моето ЕВС искуство со младите и информирањето за можностите кои ги нуди Европскиот Солидарен Корпус.

За крај, би сакала да ја изразам својата благодарност кон сите луѓе, кои беа вклучени во ова патување. Благодарност за споделеното време, енергија, идеи и добрина.

Симона Н.

      И годинава Природна Перспектива, за една седмица, беше домаќин на група од триесетина ЕВС доброволци во проектот „Зелен Собир“ на здружението „Зелен“ од Р. Бугарија, поддржан од програмата Еразмус+.
      Заедно со доброволците се одржаа разни работилници како: собирање на билки и печурки, правење на сируп од бозел, подготвување на интернационална храна, обновување на стар мебел, работа со дрво, уметност на ѕид и внатрешно уредување на една соба во просториите на Природна Перспектива. Се разбира, со многу забава и музика. 
     Настанот побуди голема љубопитност кај локалното население, при што имаше и медиумска покриеност од страна на локалните медиуми.

Повеќе околу настанот можете да дознаете преку линкот кој води до официјалната фб. страница на Природна Перспектива и ако го погледнете интервјуто од локалниот медиум Делчево 365.

Во периодот од 02-11.11.2018 во градот Клуж, Романија се одржа проект младинска размена од програмата Еразмус+ каде земаа активно учество членови на Надеж-Норе. Цел на проектот беше, преку неформалното образование да се запознаат учесниците со концептот за циркуларна економија, реупотреба на материјали и некои мерки кои доколку би се спровеле во секоја држава, значително ќе се намали количеството на пластичен отпад во океаните и депониите. На крај, како практичен дел од работилниците беше реконструирање на детски парк со рециклирани материјали.  

Во селото Стар Истевник на гости кај младите од Природна перспектива, репортерката Изабел А. Буржу се сретна со Европските волонтери од Зелениот собир (Green summit). Воодушевена од идејата и атмосверата која што се создаде за време на дводневното гостување на волонтерите, Изабел реши да направи кратко видео за да ја сподели со светот иницијативата на Природна перспектива и проектот “Зелен собир“ на здружението Зелен од Р. Бугарија. 

Младите од Природна Перспектива како лани така и годинава, во партнерство со Асоциација Зелен од Р. Бугарија и волонтерите од Еразмус+ реализираа дводневни креативни работилници за конзервирање на локалната слива, градење со природни материјали и многу дружба и забава со локалното население.

Во периодот од 8 - 16 јули 2018 членови на Природна Перспектива зедоа активно учество на проектот „Самоодржливо Живеење“ кој што се одржа во Згорнја Корена, Марибор, Словенија.

На оваа размена нашите членови се запознаа со техники на градење со природни материјали како (земја, песок, слама итн) а исто така учествуваа на работилници за креирање на пермакултурни дизајни за градина.

На овој проект учество зедоа 30 млади лица на возраст од 18 до 30 години, при што покрај членовите на Природна Перспектива од Република Македонија учествуваа и здруженија од Словенија, Шпанија, Австрија, Бугарија и Велика Британија.

Во периодот од 2 - 15 јуни 2018 членови на Природна Перспектива зедоа активно учество на проектот „Greenovation“ (предизвик за еко-градба) кој што се одржа во Аргос, Република Грција.

Овој проект беше симулација на живот во еко-заедница, каде сите членови се соочуваат со предизвиците на донесување одлуки и решавање проблеми во рамките на една заедница. Исто така, учесниците учеа како се прават ѕигли од земја печени на сонце, се запознаа со основните принципи на пермакултурата и секој учесник имаше можност да спреми своја работилница на најразлични теми од областа на самоодржливото живеење како: нула отпад, циркуларна економија, за трите столбови на корпоративна одржливост, подготовка на домашен леб, како и астрономија и други најразлични теми.

На овој проект учество зедоа 30 млади лица на возраст од 18 до 30 години, при што покрај членовите на Природна Перспектива, имаше претставници од Грција, Бугарија, Романија, Словачка и Шпанија.

Во периодот од 22 - 26 јули 2018 членови на Природна Перспектива зедоа активно учество на средба за интернационални партнерства која се одржа во Латиновац, Хрватска.

На оваа размена се разговараше за подобрување на квалитетот на стратешките партнерства, за подготвување на кандидатите за волонтерски размени, изготвување на договори, поддршка, координација. Изготвување на модел од подготовка, имплементација до дисиминација.

На овој проект учество зедоа 25 лица, при што покрај членовите на Природна Перспектива, учествуваа и здруженија од Хрватска, Португалија, Бугарија, Италија, Франција, Естонија и Полска.

ДОНАТОРИ







 

НИЕ НА ФЕЈСБУК

JSN Air 2 is designed by JoomlaShine.com | powered by JSN Sun Framework