На ден 16.07.2019 година во Виница, се одржа завршната почетната прес конференција во рамките на проектот „И старите знаат и старите можат“.

На истата присуствуваа 25 лица, претставници од здруженијата на пензионери од Македонска Каменица и Виница, како и претставници на локалните самоуправи од ЕЛС М.Каменица и ЕЛС Виница.

На прес конференцијата присуствуваа повеќе новинари од локални, регионални и нацонални медиуми. На почетната прес конференција од проектниот тим, на јавниста и беа презентирани сите ативности поврзани со проектот, и начинит на кои што истиот ќе се реализира.

Инаку, Проектот „И старите знаат, и старите можат“ ќе се спроведува како грант во рамки на проектот "Медиуми за граѓаните – граѓаните за медиумите" чија што цел е Градење капацитети на граѓанските организации за зајакнување на медиумската писменост во земјите од Западен Балкан, кој што прект е финансиран од Европската унија, а во земјите од Западен Балкан, се спроведува од страна на:  Македонскиот институт за медиуми, Фондацијата за развој на медиуми и граѓанско општество Медиацентар Сараево, Албанскиот институт за медиуми, Црногорскиот институт за медиуми, Мрежата за професионализација на медиумите во Југоисточна Европа (СЕЕНПМ) и Новосадската школа за новинарство.

Финансиските средства обезбедени за реализација на овој грант беа во висина од 3980 евра

ДОНАТОРИ







 

НИЕ НА ФЕЈСБУК

JSN Air 2 is designed by JoomlaShine.com | powered by JSN Sun Framework